Кинеската полиција уапсила крадци кои со украден џип возеле подолго од километар без задни тркала. Крадците откако го украле џипот, застанале дури кога им претела опасност дека ќе се запали резервоарот со бензин.

“Во прашање е идиотски потег. Удриле во паркиран автомобил откако со голема брзина преминале преку “легнат полицаец“, па останале без задни тркала. Не можеле повеќе да го управуваат автомобилот и ги загрозиле и другите учесници во сообраќајот“, вели портпаролот на полицијата.