На тајванските полицајци не им било тешко да го пронајдат и уапсат крадецот кој на еден маж му ги зел парите бидејќи крадецот на својата жртва и го оставил телефонскиот број.
Мажот земал пари од банкомат кога му пришол насилник и претејќи му со нож му зел 5000 тајвански долари.
На крадецот тоа не му било доволно и човекот го уверил дека од некој свој пријател може да позајми уште околу 20 000 тајвански долари, па престапникот му го оставил бројот на телефон да му се јави кога ќе ги набави парите.