Осомничениот крадец на банка Тони Мусулин можеби не е идеален маж, но е сон на многу жени кои му праќаат понуди за брак додека е во притвор. Французинот со хрватско или српско потекло станал сензација откако побегнал со комбе во кое имало 11,6 милиони евра украдени од Француската банка. Се предал 11 дена подоцна. Неговиот адвокат изјавил дека Тони е многу интрересна личност и дека добива брачни понуди и барања неговиот лик да се печати на маици додека е во притвор.
Не сакал да открие колку брачни понуди добил. Полицијата пронашла 9 милиони евра во една гаража во Лион, но Тони не сака да открие каде се сокриени преостанатите 2,6 милиони. Адвокатот рекол дека ќе дојде момент кога Тони се ќе објасни. Тој ја признал вината за кражбата.