Се и сешто се случува низ САД, а ниту кражбите не се она што беа некогаш. Бидејќи разбојниците во своите акции користат разни видови оружје, оние кои чето биваат ограбени почнуваат да користат уште побрутални. Така крадецот на една каасиерка и извадил нож, а таа него му возвратила со мачета.
Непознатото момче најмалку од се очекувало дека тој ден нема да го собере пленот, бидејќи касиерката при себе имало оружје за кое не можел ниту да сонува. Пришол до касата и ги побарал парите заканувајќи се со нож. Бидејќи продавачката не сакала да му ги даде, тој тргнал кон неа, но таа во еден момент извадила мачета и му се заканила. Кога вработените конечно се охрабриле и тргнале кон него, побегнал без да размислува на својот плен.