Еден од најчудните грабежи во последно време во Москва завршил неславно, бидејќи крадецот се напил од водката која ја пронашол и заспал. Сопственичката на станот во кој влегол крадецот повикала полиција кога видела дека бравата од станот е обиена, соопштила регионалната истражна комисија. Кога полицијата пристигнала го пронашла крадецот како цврсто спие во креветот на сопственичката.

Човекот, со потекло од Таџикистан, ги собрал предметите кои сакал да ги ограби, вклучувајќи и храна, но потоа одлучил да се одмори со една водка, по што заспал. Поради лошата навика да пие кога не треба, овој крадец би можел да заврши во затвор десет години.