Еден германски крадец ќе мора да размисли за промена на професијата, бидејќи полицијата го пронашла како спие во агенцијата за вработување во која провалил. Дваесетишестгодишното момче успеало да пренесе дел од пленот, компјутери, храна и слатки од агенцијата до својот стан.
Потоа заспал на местото на злосторството во градот Ахаус на западот на Германија, соопштила полицијата. Провалникот, кој бил по дејство на алкохол и дрога, се разбудил по неколку часа, со лисици на рацете.