Менаџерот на пицеријата „Блекџек“ од Денвер стигнал на работа порано од вообичаеното, за да го потсреди локалот во кој претходниот ден била одржана прослава, но се шокирал кога видел дека во оџакот на печката за пици има нечии нозе. Нешто подоцна слушнал и повици за помош и веднаш повикал полиција.
По половина час пожарникарите успеале да го извлечат човекот кој бил заглавен во оџакот скоро шест часа. Претставникот за односи со јавност на полицијата изјавил дека иако човекот рекол оти случајно паднал во оџакот, според она што го нашле кај него било очигледно дека тргнал да ограбува.
Според неговите зборови, човекот имал голема среќа затоа што менаџерот дошол на работа два часа пред отварањето на ресторанот. Ако не било така печката би се вклучила автоматски, бидејќи била програмирана и крадецот ќе настрадал.