Разбојник кој ограбил една банка во Чикаго и зел 400 долари го оставил своето име, презиме и адреса на службеничката на шалтерот. Имено, разбојникот напишал „Биди тивка и брза. Дај ми ги парите или ќе пукам“, но пораката ја напишал на позадината од својот банкарски извод.
Полицајците вршејќи го увидот виделе дека пораката е напишана на парче хартија кое било дел од банкарски извод со сериски број, другиот дел од изводот лесно го пронашле каде биле сите потребни податоци за пронаоѓање на разбојникот.
„Можам да речам дека ретко гледаме нешто вакво специфично и глупаво“ – изјавил портпаролот од ФБИ, Рос Рис.
Разбојникот бил уапсен за кратко време во неговиот дом. Му се заканува казна до 20 години затвор.