Маж фатен како провалува во една германска продавница побегнал иако чуварот го врзал со лисици за ограда, но набрзо е уапсен бидејќи отишол во најблиската полициска станица за да му ги извадат лисиците.
„Тоа беше навистина глупаво. Полицајците му ги извадија лисиците, но него го задржаа“,рекол портпаролот на полицијата во Франфурд.
Чуварот во продавницата го врзал со лисици 19 годишниот крадец и задржал уште тројца откако видел дека провалиле. Меѓутоа лисиците не го задржале крадецот, но неговата глупавост го однела во затвор.