Во шпанската покраина Каталонија неодамна бил уапсен еден човек, кој се криел во куфер сместен во багажот на аеродромскиот автобус и кој крадел од туѓите торби за време на нивниот транспорт. Во соопштението на полицијата било наведено дека крадецот бил висок 178 сантиметри, и имал соучесник кој исто така бил уапсен. Тие двајца оваа измама ја направиле неколку пати пред да бидат фатени.
Еден од крадците купувал карта од аеродромот во Хирона до Барселона, додека другиот се вовлекувал во куферот кој бил сместуван во автобусот за багаж. За време на возењето од 100 километри, крадецот излегувал од своето засолниште и крадел предмети од другите куфери. Со соучесникот комуницирал преку мобилен телефон. Меѓу крадените предмети најмногу имало мобилни телефони, лаптопи и слично.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com