Германец, кој украл збирка од многу вредни монети, и одлучил три дена по кражбата да ги уновчи во банка, на своја несреќа ги вратил директно на човекот од кој ги зел.

Можеби тоа најдобро го опишува и изјавата на портпаролот на полицијата во Дортмунд, за лошата карма на крадецот:„Мислам дека тоа не го очекуваше ниту во сон“.


Веднаш по поднесувањето на монетите вредни 50 илјади евра во банката, ги препознал нивниот сопственик кој работел како службеник во таа банка.

Не поминало долго време од депонирањето, а службеникот во банката ги препознал кованиците од вредната збирка вредни 50 000 евра, кои неколку дена претходно биле украдени од неговиот дом.

Несреќниот крадец е уапсен, а сопственикот на монетите повторно ја комплетирал својата колекција.