Британската полиција од Гејтшид се надева дека ќе го фати провалникот кој го оставил своето куче на местото на грабежот. Полицајците добиле дојава за грабеж во училиштето бидејќи соседот слушнал врева.
Кога стигнале таму, крадецот веќе побегнал со празни раце, а во училиштето имало само еден мал териер. За него сега се грижи полицијата. Го крстиле Боби бидејќи на ланчето немало име. Се надеваат дека некој ќе го препознае кучето и ќе им помогне да го пронајдат сопственикот.