Полските полицајци пронашле крадец кој се криел во ладилник. Јержи Јанцевич провалил во една зграда. Бил забележан од обезбедувањето и побегнал пред да пристигне полицијата. Тие примиле дојава дека се крие кај својата љубовница. Го пребарале станот, но не го нашле.
Се подготвуале да си заминат, но слушнале кивање кое доаѓало од ладилникот. Кога ја отвориле вратата го забележале склопчениот и премрзнат Јержи. Не се знае колку долго бил внатре но бил премрзнат. Го уапсиле и го однесле во притвор.