Крадец кој украл пари и накит одлучил веднаш да го прослави својот успех со шише скапоцен шампањ. Се опил и не можел да управува со автомобилот. Го паркирал и заспал над воланот. Полиција повикале загрижени минувачи кои го забележале заспаниот триесетиседумгодишник.
Полицајците не можеле да веруваат кога ја виделе неговата лична карта. Крадецот е баран поради неколку грабежи, а во автомобилот сеуште ги имал работите од последниот грабеж. Го чека и казна поради возење под дејство на алкохол.