Полицијата во американската сојузна држава Небраска трага за крадец кој се маскирал намотувајќи се со тоалетна хартија околу лицето. Сведоците изјавиле дека човекот бил стар помеѓу 25 и 33 години и висок околу 185 сантиметри. Тој влегол во една продавница и побегнал со неодредена количина пари.


Полицијата со кучиња трагачи се обидела да го пронајде крадецот, но пронашла само остатоци од тоалетната хартија. Крадците во последно време традиционалните црни маски се почесто ги заменуваат со други начини на маскирање.