Американските полицајци го уапсиле Лери Тици (25) додека се капел во една куќа во Тексас во која влегол со намера да ја ограби. Станарот на куќата повикал полиција во околу 4 часот по полноќ откако слушнал дека некој ја скршил вратата.


Станарот побегнал, а ограбувачот останал во куќата. Полицајците го нашле гол во кадата каде што се капел. По кратка борба го уапсиле крадецот и го обвиниле за упад.