Американецот Син Робертс бил препознат од жртвите благодарение на својата необична тетоважа на левиот образ. Робертс, кој на главата го има истетовирано и својот прекар е обвинет за вооружен грабеж на една камп-куќичка во Тампа, Флорида. Украл лекови, бела техника и пари.
Тој и неговиот партнер Били Кишер провалиле во 5 часот наутро и им се заканувале на станарите. Ги заклучиле во тоалетот додека пребарувале низ куќичката. Но неискусниот Робертс заборавил да го прекрие лицето и подоцна бил препознат од полициските фотографии. Тој е единствениот човек кој ја има истетовирано сојузната држава Флорида на својот образ.