Крадец со грижа на совест пратил писмо со извинување и нешто повеќе од 120 евра на сопственикот на продавницата од која украл цигари во таа вредност.
Имран Ахмед, сопственик на продавница во Бристол, Англија, се шокирал кога до примил писмото. Сеуште се сеќава на ноќта кога му ги искршиле прозорите и провалиле во продавницата.
„Господине, го пишувам ова писмо и се обидувам да поправам нешто што го направив во минатото.“ – пишува во писмото.
Пред 7 години минувајќи покрај продавницата видел дека некој провалил. Ја искористил приликата и украл 400 цигари. Со парите кој ги приложил во писмото ја надокнадил штетата што ја направил.
„Жал ми е за штетата што ви ја направив и искрено се извинувам. Се надевам дека со враќањето на парите барем малку ќе ја поправам штетата.
Ахмед, кој ги снабдува рестораните со намирници, ќе ги донира тие пари во хуманитарна организација која се бори против дрогата.