Една кражба на бензинска пумпа во Виена стигнала во весниците, но не поради висината на украдените пари, ниту поради жртвите, туку поради многу необичното однесување на крадецот. Непознато лице, кога влегло во бензинската пумпа, најпрво му предало чоколадо на вработениот и му посакало Среќен Божик. Дури потоа држејќи пиштол во раката побарал да му ги предаде парите.
Она што овој случај го чини уште понеобичен е фактот што крадецот бензинската ја напуштил без пленот, кој го оставил на пултот. Вработениот рекол дека не доживеал ништо слично. Тој рекол дека парите ги ставил во пластична кеса која ја донел и ја ставил на пултот. во меѓувреме крадецот очигледно се пердомислил и наместо да ги земе парите и да побегне, тој само го вратил пиштолот во јакната и ја напуштил пумпата без зборови.