Еден 22-годишен романец, кој се обидел да ограби самопослуга во Португалија, останал заглавен во малиот прозорец на продавницата. Обидувајќи се да се протне низ прозорецот останал без панталони и така после полни девет часа го затекнале полицајците и пожарникарите кои ги повикал раководителот кога стигнал на работа.
На пожарникарите им биле потребни да часа да го извлечат момчето неповредено. Според зборовите на шефот на полицијата во гратчето Лулеа, крадецот со горниот дел на телото поминал низ прозорецот, но потоа се заглавил и останал да виси.