Вооружен крадец направил пауза за време на кражбата како би нахранил гладно бебе. Вооружени со мачети, пиштоли и ножеви, Коџек Миста и четири соучесници провалиле во една куќа во Тангаранг, 30 километри од Џакарта. Според локалните медиуми, крадците упаднале на приватен имот прескокнувајќи го ѕидот, а потоа влегле во куќата и ги заробиле домашните. Во еден момент бебето на сопственичката на куќата заплакало. Миста, кој во меѓувреме бил уапсен од полицијата, ја запрашал мајката што треба да направи за бебето да престане да плаче, а таа му рекла дека детето е гладно.
Тој додал дека жената му објаснила како да припреми шишенце со млеко, што тој и направил. Потоа го нахранил бебето држејќи го во рацете. Потоа рекол дека малку го нишал во рацете а бебето набрзо заспало. Крадецот со меко срцеи самиот имал дете, па знаел како да го смири. За кражбата од околу 3500 евра му се заканува затворска казна во траење од десет години.