Маж кој пред 25 години во Австрија украл мотор, испратил анонимно писмо до полицијата во кое приложил 1.400 евра како оштета на жартвата од кражбата.


„Во тоа време не бев свесен за материјалната и нематеријалната штета која може да ја нанесе таков чин, веројатно затоа што не бев зрела личност“ – напишал крадецот во писмото.

Мажот во споменатото писмо, исто така изразил желба доколку полицијата не го пронајде некогашниот сопственик на моторот, парите да одат во локалната социјална служба.