Еден крадец на полицијата дополнително и ја олеснил работата. Откако побегнал од местото на злосторството втрчал право во полициската станица. Крадецот под закана со нож се обидел да ограби една продавница во шведскиот град Халмштад. Откако не успеал да ги земе парите почнал да бега.


На неговото бегство сведочеле десетици граѓани. Откако почнал да го брка еден од минувачите, крадецот, барајќи каде да се сокрие, низ главната врата влетал право во локалната полициска станица. Никој не бил повреден, а крадецот бил уапсен поради обид за грабеж.