Никој не му напоменал на 37 годишниот фризер од Сан Франциско да не доаѓа на суд со украден автомобил. Американецот дошол на суд со украден Лексус, а се бранел за кражба на Порше.
Минувачите, кои виделе неколку кучиња заклучени во автомобилот, повикале полиција. Барајќи го сопственикот откриле дека Лексусот е украден. После расправата на суд, мажот се вратил кај автомобилот за да повторно биде уапсен и обвинет за кражба на автомобил и сурово однесување кон животни.