Полицајците веднаш од подот го подигнале парчето од увото на Леон Реид од Лондон кое било одгризано од нивното куче. Го ставиле на мраз и лекарите успешно му го сошиле. Реид бегал од местото на злосторството, но не успеал да му побегне на полицискиот германски овчар.


Обвинет за повеќе грабежи, Леон сега размислува да ја тужи полицијата, а би можел да добие компензација од 50 илјади фунти, бидејќи кучето се однесувало необично. Кучињата се тренирани да ги гризат криминалците за рака, но во неговиот случај кучето тргнало право на увото.