Еден крадец ископал тунел до банка во Франција, но ја промашил просторијата каде се наоѓал сефот и завршил во тоалетот.
Неименуван 21 годишен белгијанец провалил во зградата во која се наоѓала банката, Почнал да го буши ѕидот, мислејќи дека зад него се наоѓа собата со сефот. Меѓутоа, кога го срушил ѕидот се нашол во тоалетот од банката. Во меѓувреме се вклучил алармот по што полицијата веднаш дошла и го уапсила крадецот.