Италијанската полиција деновиве е соочена со необичен случај. Станува збор за низа кражби кои ги направил еден необичен крадец. Досетливиот крадец има потполно нов метод, а до пленот стигнува така што своите жртви ги хипнотизира после што без поголеми проблеми ги ограбува.

Крадецот кој со својот изглед потсетува на Садам Хусеин „оперира“ на подрачјето на Анкона. Полицијата објави снимки на средовечен маж кој во преполната продавница се наведнува над продавачката, нешто и зборува , а се завршува така што продавачката му ги дава парите од касата , а тој од продавницата излегува насмеан со 8000 евра во џеб.

 Тоа е само една во низата кражби кои ги извршил крадецот хипнотизер, а ниту една негова жртва не се сеќава на кражбата. Последно на што се сеќаваат е неговата молба да го погледнат во очи.

Полицијата засега не постигнува значаен напредок во истрагата, а по објавата на снимката на грабежот, за помош во препознавањето им се обратиле и на граѓаните.  

ohridnews