Коди Вилкинс бил уапсен при обидот да ограби една куќа во Вашингтон. Овој разбојник би издаден ос својот мобилен, кој го оставил да се полни додека ја пребарувал куќата. Бидејќи сопственикот одненадеж се појавил, Коди избегал низ прозорецот, а телефонот го заборавил. Набрзо се воспоставило дека мобилниот не припаѓа на членовите на семејството, па повикале еден од броевите во именикот за да видат за чив телефон се работи.


Полицајците се послужиле со изговорот дека сопственикот на телефонот имал несреќа и дека итно мораат да го дознаат неговото име, па така дошле до момчето кое набрзо било уапсено. Подоцна раскажал дека телефонот му бил итно потребен и дека поради тоа морал да го остави да се полни.