Полицијата во Флорида уапсила еден човек, чиј мобилен телефон бил пронајден на местото на грабежот. Медиумите известиле дека полицијата го посетила Кевин Џејкоб Слагтер и го побарала неговиот мобилен телефон за кој Кевин рекол дека го загубил.
Кога полицајците го известиле дека го пронашле неговиот телефон, тој наводно признал дека провалил во 11 домови. Во неговиот дом била пронајдена стока во вредност од 30 илјади долари, пред се накит и компјутери.