Судијата при кривичниот суд во францускиот град Нанси изразил чудење кога на судењето дошолпрестапник кој за време на кражбата на жртвата и ги оставил своето точно име, презиме и адреса, пренесуваат локалните медиуми. Момчето, вооружено со нож, пред два дена се обидело да ограби киоск.

Бидејќи трговецот пружил отпор со метална шипка, крадецот при бекството му рекол дека доколку повика полиција да им каже дека се вика Ромен Освалд и дека станува во Есиј, место покрај Нант. Крадецот, кој ги кажал своите точни податоци, осуден е на шест месеци затвор. Судијата при изрекувањето на казната ги повикал сите преваранти да го сторат истото како и Ромен бидејќи тоа значително ја олеснувало работата на полицијата.