Кинезот Јанг Гуихуа е пример за сите криминалци како да ги исправат грешките кои ги правеле во минатото. Додека поради кражби и провали издржувал четиригодишна затворска казна изумил брава која ја отвара отпечаток од прстот.


Одлучил својот изум бесплатно да го вгради на сопствениците на куќите кои некогаш ги ограбил. Вели дека се чувствува многу убаво кога им помага на луѓето и го прави нивниот дом побезбеден.