Тина Грајкспур (35) и нејзината мајка Евелин (56) од Бедфорд, САД, како би го избегнале одењето во затвор, стоеле во вторникот 4,5 часа на улицата пред судницата со срамен натпис со кој го признаваат грабежот на пари од 9-годишно девојче. Девојчето на нејзиниот роденден имало роденденска честитка со одредена сума пари.
На натписот кој им го доделил судот стоело и предупредување за останатите граѓани да не крадат бидејќи би можеле исто да завршат. Мајката од девојчето од кое ги украле парите рекла дека ќе ја одведет својата ќерка пред суд за да ја научи важноста на почитување на законите.