Еден сицилијанец одлучил Новата година да ја дочека во затвор за да не мора да биде со сопругата и семејството. Отишол во полициска станица и молел да го приведат, но бидејќи не направил никакво криминално дело, полицајците морале да го одбијат.
Од станицата очајниот Италијанец отишол во блиската продавница, и се заканил на продавачката со ножици, и украл бомбони и пакетче гуми за џвакање. Потоа мирно ја сочекал полицијата која го уапсила за разбојништво.