Еден работник во фабрика за мотоцикли крадел дел по дел, за после пет години конечно да украде цел мотоцикл. Тој одсекогаш сакал сопствен мотор, но не можел да си го дозволи. Пред пет години започнал да краде делови и да ги составува во својата куќа.


Го уапсиле уште првиот пат кога го возел моторот. Го запрел полицаец, а тој не поседувал ниту сообраќајна, ниту возачка дозвола. Ја признал долгогодишната кражба и добил казна од 400 евра, една година условно и морал да го врати моторот.