Најмалку три пенти кои сопствениците ги чувале во своите кајчиња во каналот Студенчишта, се украдени изминатите денови. Кражбата ја воочил сопственик на кајче при случајна проверка.
Според оштетените, се работи за вешти крадци кои најверојатно извесен период го надгледувале каналот каде по завршување на сезоната има значително помала фреквенција. Пречка не им биле катанците и синџирите со кои кајчарите ги „обезбедиле“ пентите, ниту камерите и обезбедувањето од блиските државни објекти. Сомневањата се дека оперирале со пловен објект.
Случајот е пријавен во полицијата, а се верува дека бројот на оштетени граѓани е поголем.
Повеќе информации за случајот СВР Охрид најави за утре.
OhridNews