Шкотската фудбалска федерација заедно со клубовите донесоа конечна одлука околу националниот шампионат. Првенството во Шкотска е прекинато. За нов првак е прогласен Селтик. „Детелините“, деветти пат во серија ја освојуваат титулата во шкотската Премиер лига.

Од лигата ќе испадне само последниот, во случајов Хартс додека билетите за европските натпреварувања ќе се одредат по моменталниот пласман на табелата.

Покрај во Шкотска првенствата се прекинаа во Белгија, Холандија и Франција. Единствено првенство кое продолжи да се игра е Бундес лигата во Германија.

OhridNews