Холандската фудбалска федерација стави точка на фудбалската сезона во земјата. Одлуката на некој начин беше очекувана, бидејќи холандските власти донесоа забрана за организирање на јавни собири (во кои спаѓаат и спортски натпревари) до 1 септември.

Сезоната во „Еридивајс“ завршув без шампион. Нема ниту испаѓање, ниту влегување. Едноставно, како да не се играло фудбал оваа сезона во Холандија. Местата, во европските натпреварување се поделени според пласманот на табелата при прекинот на првенството.

Ајакс кој беше лидер патува во третото квалификациско коло во Лигата на Шампиони, додека АЗ Алкмар евро-авантурата ќе ја започне од второто коло во ЛШ. Третопласираниот Феенорд ќе игра директно во фазата по групи во Лигата на Европа, а ПСВ Ајндховен и Вилем 2 ќе играат во третото квалификациско коло во ЛЕ.

Холандија е втора земја која официјално означи крај на сезоната. Мразот го скрши Белгија, која првенството го прекина пред две недели.

OhridNews