Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) донесе одлука за завршување на Првата лига во машка конкуренција без да се прогласи шампион.

Одлуката со убедливо мнозинство поминала на гласањето на Управниот одбор. Нема да има испаѓање во понизок ранг, додека две екипи од Втората лига ќе бидат нови прволигаши следната сезона.

На ваквиот исход, остро реагираше МЗТ Скопје кој беше лидер на табелата при прекинувањето на натпреварите.

OhridNews