Повратникот во Првата лига, екипата на ГКК Охрид, по една сезона го заврши настапот во најсилното кошаркарско друштво. Со средбата во Гевгелија помеѓу Кожуф и Академија ФМП, која заврши со победа на домаќинот од 91:72, се спушти завесата во доигрувањето за опстанок, каде настапуваше и ГКК Охрид, кој во последното коло од плеј-аутот загуби од Вардар во Скопје 94:62.
Во лигата остануваат Кожуф и Вардар, додека Академија ФМП и Охрид се селат во Втората лига.
ГКК Охрид по неколку годишна пауза ја врати кошарката во градот под Самуиловата тврдина рестартирајќи ги сите погони. Оттаму испаѓањето од Првата лига не треба премногу да загрижува, бидејќи клубот развива структури кои треба да оберзбедат иднина на кошарката во Охрид.
Г.М.