Лавина реакции и оставки на шефовите на инженерите во Контролата на летање на аеродромите во Охрид и Скопје, предизвика одлуката на раководството на М-НАВ предводенo од Фахрудин Хамид, да се вработат кандидати кои претходно одбиле да полагаат тест за селекција. Порталот „СДК“ објави дека кандидатите одбиле да полагаат тест за селекција бидејќи не ја познавале материјата.

Стручниот колегиум со писмо побарал од директорот Фахрудин Хамиди овие кандидати никако да не бидат вработени без проверка на нивното предзнаење. Но, промена на ставот на УО на М-НАВ немало. Огласот не само што не бил поништен, туку се дознало и дека кандидатите што одбиле тестирање за селекција, всушност веќе биле примени на работа, пишува порталот.

Поради ова оставки од раководни наставни и инструкторски позиции си поднеле: Љубе Стаменковски, еден од тројцата директори на М-НАВ и инструктор, раководителот на информатички и надзорни технологии, раководителот на одделот за надзорни системи, раководителот на одделот за навигациски системи, раководителот на електро-енергетски системи и раководителот на одделение за воздухопловна техника Охрид.

На случувањата во М-НАВ реагираше ВМРО ДПМНЕ, која ги обвини владејачките СДСМ и ДУИ за создавање криза во авиосообраќајот.

Со СДС и ДУИ има само незаконски огласи и уште ова не беше случено т.е. кандидатите кои поминале на контроверзните огласи за инженерскиот дел да избегаат од тестовите за селекција. Ова ли е таа европска селекција на кандидати за инженерскиот дел во Контролата на летање во М-НАВ? – прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Во меѓувреме се огласи директорот на М-НАВ ахрудин Хамид, кој во изјава за медиумите наведува дека не е потребно интервју за вработување на инженери во М-НАВ и оти кандидатите биле вработени според закон.

Г.М.