За своите клиенти израелски козметички салон во понудата додал масажа со змии за која треба да се издвојат 50 евра.
Третманот содржи шест неотровни змии кои го масираат клиентот по целото тело. Козметичкиот салон Ада Барак, наречен по името на сопственичката, користи змии од Калифорнија и Флорида.
Сопственичката на салонот верува дека физичкиот контакт со змиите може да има релаксирачко искуство. Големината на змиите зависи од видот на масажата. Ппоголемите наводно подлабоко делуваат на мускулите, а малите змии имаат дејство на вибрирање.