Козите се поинтелегентни отколку што се мислело дисега, е заклучокот на група британски и швајцарски научници кои ова домашно животно го проучувале подолг временски период. И покрај релативно малиот мозок, козите се способни брзо да научат и да запомнат комплексни задачи. Истражувачите, чија студија е објавена во списанието “Frontiers in Zoology”, работеле експеримент со помало стадо кози во Кент, Англија. Животните биле тренирани да ваѓаат храна од кутија, така што што прво морале да ја отворат, па со муцката да ја кренат, како би ја добиле наградата.
Девет од 12 кози успеале да ја совладаат задачата од најмногу 12 обиди. Способноста на козите да ја запомнат задачата била тестирана најпрвин после месец дена, а потоа и после десет месеци. На козите воглавно им биле доволни две минути да за сетат како да дојдат до вкусниот оброк. Овие резултати, сметаат научниците, би можеле да објаснат зошто козите лесно се навикнуваат на тешките услови во природата и како доаѓаат до храна.