Потребна е промена на Уставот на Македонија за името да биде и за внатрешна и за меѓународна употреба, но и за да се избегнат идни обвинувања дека биле прекршени уставните одредби, смета грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.
Тој во интервју за грчкиот весник „Документо“ порача дека е умерен оптимист и дека на двете страни сè уште им претстои многу работа. Според Коѕијас, решението треба да биде во пакет-договор што ќе ги содржи неопходните заемни компромиси, а не едниот да му го наметне неговото мислење на другиот.