Ракометарките на Моби Дик забележаа нова победа во пионерската лига совладувајќи го тимот на Кожувчанка 16-11 (8-5).


„Китовите“ во првиот дел стекнаа предност од три погодоци, а во вториот ја зголемија што им донесе рутински триумф во „Билјанини Извори“.

Тамара Маркоска со осум погодоци беше најпрецизна во охридскиот состав. Викторија Алексиоска реализираше четири, Стефани Костеска два додека Марија Јолеска и Николина Угриноска по еднаш се запишаа во листата на стрелци.

Во следната рунда охридските ракометарки ќе се сретнат со Куманово во „Билјанини Извори“.

Ohridnews