Ковид кризата го зголеми бројот на ранливите категории, односно на тие кои имаат потреба од помош. Нашите сограѓани кои имаат потреба истата ја добиваат, без оглед дали се работи за прехрамбени производи, средства за хигиена или за лекови, трнаспорт до одредена установа, одредни совети, како и одредени административни работи кои нашите волентери може да ги направат вели претседателот на ОО Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

Постојано сме присутни на терен и преку 600 семејства опслужуваме со најразлична хуманитарна помош од храна, средства за хигиена, лекови, возни билети до одредени градови за здравствени прегледи или интервенции. Ова го практикуваме во континуитет, вели Точков.

Упатува апел и до сите кои можат и се општествено одговорни компании тоа да го направат, да се вклучат со свој придонес за помош.

Отворени сме за соработка и сакаме да ги увериме нашите сограѓани дека помошта оди на вистинско место, бидејќи имаме посебна база на податоци. Нашите служби се постојано на терен и ги лоцираат оние кои имаат потреба од помош, ги проверуваат и немаме злоупотреби. Имаме обиди за злоупотреба, но тоа го превенираме на време, додава Точков.

Информира дека граѓаните кои имаат потреба од помош може да се обратат во ОО Црвен крст Охрид, по што екипите ја проверуваат и потврдуваат ситуацијата на терен и потоа се собира и дистрибуира соодветната помош.

Инаку, преку соработката со организацијата Canadians For Children At Health Risk, изминатиот месец се овозможи секојдневно да бидат подготвувани и делени прехрамбени производи и средства за хигиена на 30 семејства во социјален ризик од Охрид, а неодамна по повод денот на гладта Лајонс клубот „Десарети“ Охрид во соработка со Црвен крст Охрид подели пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на уште 30 социјално загрозени семејства.

Н.С.Ј.