Нема патување, летен – зимски одмор, летање со авион, преминување на границата, но нема да има ниту работа во компаниите за оние кои нема да се вакцинираат против вирусот Ковид 19. Она што до неодамна изгледаше како фикција од СФ филм за далечната иднина, може да стане наше секојдневие за половина година или една година.
Ова не го тврдат теоретичарите на заговор, туку сопствениците на авиокомпании, големи хотели и одморалишта, најголемите глобални компании … Нешто слично најавуваат светски државници, како што се британскиот премиер Борис Џонсон и кинескиот лидер Си Џинпинг, пишуваат светските агенции пренесува српска „Република“.
Врз основа на разговори со колеги од други авиокомпании ширум светот, заклучивме дека ова ќе биде вообичаена практика од која нема да има исклучоци, објасни менаџментот на „Квантас“ и посочи дека патувањето со авион нема да се врати на нивото пред-пандемијата, додека вакцината за коронавирус не бидат широко достапни.
Ако некој дури и не им верува на авиокомпаниите, тогаш не треба да има сомнеж во ставот на кинескиот претседател Си Џинпинг за издавање ковид пасоши. Говорејќи на самитот Г20 минатата недела, тој предложи воведување на глобално признати здравствени QR кодови, велејќи дека тоа ќе помогне во заживување на меѓународната трговија и патувања.
Британскиот премиер Борис Џонсон, исто така зборуваше за специјалните ковид пасоши, претставувајќи го нивното воведување како веќе разработен план на британската влада. Тој го поврза не само со вакцинација, туку и со масовно тестирање на граѓаните. Оние што се негативни, би добиле некакви специјални дозволи за да можат да одат на работа, да излегуваат каде што сакаат и да продолжат со повеќе или помалку нормален живот. Секој друг ќе мора да биде во некаков вид на изолација.
Во меѓувреме, сопствениците и управите на неколку компании кои работат на глобално ниво јасно ставија до знаење дека само вакцинирани лица можат да работат во канцеларии, додека другите би работеле од дома (претпоставуваме со помала плата, за која има иницијативи во многу земји, а во Германија таквата одредба веќе стапи на сила).
Иако ваквиот ригиден став сè уште не е официјално вкоренет, се очекува дека тоа ќе се случи веднаш штом вакцината стане широко достапна. Но, едно е сигурно, ковид го менува светот.
OhridNews