Вкупно 7 654 лица се активни на Ковод-19 земјава, од кои најмногу 3 872 се во Скопје, а најмалку по седум има во Валандово и Пехчево. Во Охрид од почетокот на епидемијата од Ковид 19, според евиденцијата на Институтот за јавно здравје се заразиле 2882 лица, а во моментов активни се 419 случаи.

Од почетокот на епидемијата, во земјава регистрирани се 94 196 потврдени случаи со коронавирус, оздравени се 86 634, а починати 2908.

Според последниот биланс што го објави вчера Министерството за здравство, и од новозаразените 314, над половината 179 се во главниот град, 11 се во Охрид, а само по еден е евидентиран во Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Дојран.

Од направените 2161 тестирања во претходното денононоќие, процентот на позитивни е 14,53. Оздравеле 210, а битката со Ковид-19 за загубиле уште осум лица.

На инфективните оддели во болницитре низ земјава се лекуваат 583 пациенти позитивни или суспектни на коронавирусот. Од нив околу 50 се во Охрид.

Во очекување на вакцините и масовната имунизација на населението, надлежните и натаму апелираат да се почитуваат пропишаните мерки и протоколи со цел справување со Ковид-19.

Во светот, од коронавирусот досега се заразиле над 105,6 милиони луѓе, оздравеле 77,4, а починале 2,3 милиони.
Вакцина против Ковид-19, од почетокот на вакцинацијата примиле околу 120 милиони луѓе, најмногу во САД 35,2 милиони, Велика Британија 11, Кина 29,7 и Израел 5,4 милиони.

OhridNews