Фудбалскиот клуб Милан објави дека петмина се заразени со коронавирусот. Тројца од заразените се членови на стручниот штаб, а двајца се фудбалери.
Милан не ги соопшти имињата на луѓето од стручниот штаб кои се заразени со вирусот, а познато е дека од играчите позитивни тестови имаче голманот Џиџи Донарума и Норвежанецот Јан Питер Хауге.
Сите били асимптоматични, но и покрај тоа се ставени во изолација. Целиот тим на Милан повторно бил тестиран и сите тестови биле негативни.
Милан вечерва во рамките од 5-та рунда домашен терен силите ќе ги одмери со тимот на Рома.
OhridNews