Ковид пандемија и натаму силно го притиска здравствениот систем во земјата. Лесно преносливиот Британски сој на Ковид 19, кој е присутен во Охрид, не ја одмина ниту Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид.
Дел од лекарите, медицинскиот персонал и вработени во Кардиолошкиот завод, се позитивни на Ковид 19, што ја отежнува работата на установата. Од болницата ја потврдуваат информацијата, посочувајќи дека состојбата е комплексна, но установата останува отворена за пациентите и итните случаи.
Почитувани, за жал последниве денови сведоци сме на зголемен број на Ковид 19 позитивни во целата земја, а Охрид е еден од најпогодените градови. Веќе неколку недели сме помеѓу градовите со највисок број на активни случаи на број на жители во земјата. Од неодамна, од МЗ имаме и официјални податици дека во Охрид и регионот е изразено висока застапеноста на “британската мутација”, која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба, за жал, не не заибиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти. Сакаме да потенцираме дека во Ковид одделот кај нас се тртираа најкомплексни пациенти од целиот регион и многу од нив имаа потреба од неинвазивна и инвазивна респираторна подршка. Но, и покрај се ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби. И натаму, ќе работи ургентна амбуланта за оние кои имаат потреба од итен преглед. До нашите пациенти апелираме и натаму да бидат внимателни, да избегнуваат ризчни контакти и да останат дома до постигнување на колективна имунизација. – се вели во соопштението на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид.
Г.М.