Кризата предизвикана од корона вирусот Ковид 19 е огромна. Последиците исто така. Најсилната економија во Европа брои сериозни штети, а кризата не ги одминува ниту германските компании во странство. Патни ограничувања, помала побарувачка на производи и услуги, намалени инвестиции ширум светот, значителна загуба на приходите. Како резултат на тоа компаниите го намалуваат бројот на работници, а очекувањата се дека кризата нема да биде надмината брзо, што ќе предизвика дополнителни проблеми.

Погодени и германските компании во странство

Истражувањето на пазарот покажува дека дури 83 проценти од германските компании очекуваат намалување на приходите, 15 проценти барем за половина. Од друга страна 63% од германските компании во странство се погодени од ограничувања при патувањето, а 59% се соочуваат со намалување на побарувачката за нивните производи и услуги.

83 проценти од германските компании очекуваат намалување на приходите

Кризата го менува бизнисот

Како се одразува кризата на бизнис плановите на германските компании најдобро го илустрира податокот дека 56% од нив планираат да инвестираат помалку, 43% веќе го намалуваат бројот на вработените, додека 38% од компаниите бараат нови добавувачи, главно во нивната земја.

Очекувањата се дека кризата ќе трае подолго, оттаму 93 проценти од германските компании не очекуваат економско закрепнување пред 2021 година, 47% се жалат на недостаток на мерки за поддршка, а 52% сметаат дека зголеменото задолжување на владата е предизвик од кој ќе зависи надминувањето на кризата.

Г.М.